„ЧЕКАЈ МАЛЦЕ ПРЕМИЕРЕ“: Апасиев кон Мицкоски - 'зборевме за една изборна единица, не за електронско гласање за дијаспората'
Лидерот на опозициската партија Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи се осврна повторно на актелната тема деновиве а тоа се измените на Изборниот законик.
Тој посочи дека на лидерската средба тема на разговор било воведување на една изборна единица, а не електронското гласање за дијаспората, кое сега, како што наведува, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик:
„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората!? Кај испари тој муабет или важи само за мачкање очи пред камери?”
Слично
