Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чавушоглу вели дека НАТО и ЕУ не треба да кренат раце од Македонија

Чавушоглу вели дека НАТО и ЕУ не треба да кренат раце од Македонија

Tурскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу вели дека НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот. 

Според него, тие треба да ја продолжат поддршката и соработката. 

„Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние тоа мора да го почитуваме. Од друга страна, ниту НАТО, ниту ЕУ не треба да се повлечат од поддршката и соработката со Македонија поради референдумот и резултатите од него. Впрочем, Македонија беше поканета да стане членка на НАТО на последниот Самит со едногласна одлука на сите сојузници“- вели тој. 

Смета дека преговорите за членство во НАТО со Македонија мора да продолжат, а ЕУ мора да посвети  поголемо внимание на Западен Балкан.

Турција, рече Чавушоглу, го поддржува напредокот, мирот и стабилноста на државите од Балканот, како и нивната интеграција во НАТО и ЕУ.

Tурското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Турција ќе продолжи да го поддржува просперитетот и безбедноста на пријателска Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО.

Слично

Поврзани вести