Чавушоглу денеска кај Димитров
Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во официјална посета на северна Македонија.
Како што објави турскoто МНР,. Чавушоглу во Скопје ќе биде пречекан од неговиот колега, Никола Димитров, како и други државни функционери.
На заедничкиот состанок ќе се разговара за односите меѓу двете земји, за подлабока соработка и регионални прашања.
Посетата на Чавушоглу доаѓа по ратификувањето на протоколот за членство на земјата во НАТО минатата недела, со што Турција е 20-тата земја што даде зелено светло за Македонија да стане членка на Северноатлантската алијанса.
Слично
