Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАВКОВ ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Дадов придонес да се спасат животите на пратениците

ЧАВКОВ ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Дадов придонес да се спасат животите на пратениците

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков пред судиите изјави денеска дека цел работен век го поминал во МВР, и дека чесно, совесно и професионално си ги извршувал задачите. 

Рече дека предметот против него е апсурден. 

„Директно раководев со акцијата на 27 април. Дадов придонес да се спасат животите на пратениците. Незаконски ме лишија од слобода. Одлуката за апсење беше донесена во мај, а спроведена во ноември. Невин сум“ -додаде Чавков.

Рече дека не го интересираат кои се сведоците. Според него, полициската акција не е црно-бело. 

Чавков вели дека не познава никој од осомничените, освен неколку полицајци и дека цели 30 години работел за безбедноста на државата.

Адвокатот на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, Сашо Дуковски, на денешното рочиште, изјави дека Чавков има преживеано инфаркт и мора да се движи дневно по 10 километри и да прима посебна храна. 

Слично

Поврзани вести