Чавков излезе од затворот Шутка
Попладнево од истражниот затвор Шутка излезе поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, осомничен за настаните од 27 април лани.
Чавков излезе по гаранцијата што ја достави до судот од 600 000 евра во која е вклучено земјиште и неколку станови.
Тој е еден од 30-мина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Чавков на 27ми април бил и шеф на оперативниот штаб со златна команда и според обвинението тој и неговите двајца началници Митко Пешов и Душко Лазаров началници не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за надворешно и внатрешно обезбедување на Собранието и овозможиле толпата непречено да влезе внатре за да се оствари целта на насилниот упад.
Апелација ја потврди одлуката тој да се брани од слобода.
