Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чавков и Дурловски се веќе во притвор, за триесетина денес ќе се реши

Чавков и Дурловски се веќе во притвор, за триесетина денес ќе се реши

Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство на Република Македонија за одредување на мерка на обезбедување притвор во траење од 30 дена. 

Притворот е веќе ефективен за Митко Чавков кој е еден од главните осомничени за крвавите настани во Собранието на 27 април годинава, како и за оперскиот пејач Игор Дурловски кој беше еден од водачите на „За заедничка Македонија“ од каде се организираа повеќемесечни протести кои ескалираа на Крвавиот четврток. 

Побаран е притвор и за пратениците кои се осомничени и се дел од истражната постапка за делото Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста со тоа што треба да се достави допис со Талат Џафери, по што ќе решава и Комисијата за деловнички и мандатно-иминутетни прашања при Собранието на Република Македонија. 

За делото со кое ќе ги товари ЈОРМ, 36-те осомничени им се заканува затворска казна од најмалку 10 години. 

Дел од осомничените по кои ЈОРМ започна постапка и натаму не се приведени од страна на полицијата. Меѓу недостапните за органите на прогонот е и пратеникот Јохан Тарчуловски. За две лице против кои се води истрага е определена мерка куќен притвор.

Слично

Поврзани вести