Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаушидис до Заев: Има ли синдикат во Мамас?

Чаушидис до Заев: Има ли синдикат во Мамас?

Претседателката на ССНМ Тамара Чаушидис  го праша премиерот Зоран Заев дали има синдикат во Мамас, фирмата за ајвар и кондиторски производи во сопственост на семејството Заеви во контекст на неговите заложби за поголемо синдикално организирање кое според неа треба да започне и од самиот врв.

Заев одговори дека најверојатно во Мамас има синдикат, но одамна не ги посетил фирмите и не знае со сигурност, но не гледа никакви пречки за функционирање на синдикално организирање кое ќе биде засилено и гарантирано со нови законски измени и ќе стане поголема обврска за поголемите компании.

Премиерот Заев рече и дека треба да се направи се што може да ги мотивира работниците да формираат синдикати.


Слично

Поврзани вести