Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАРТЕР ЛЕТ КОН ПОРТО: Заминаа 330 македонски навивачи, министерот Тупанчески рече дека ќе остане во Скопје

ЧАРТЕР ЛЕТ КОН ПОРТО: Заминаа 330 македонски навивачи, министерот Тупанчески рече дека ќе остане во Скопје

Заминаа македонските навивачи кои вечерва во Порто ќе ја бодрат Македонија на фудбалскиот натпревар со Португалија. Станува збор за 330 македонски навивачи кои во 7 часот утрово со организиран чартер лет заминаа во вториот по големина град во оваа земја каде и ќе се одржи фудбалското соочување.
За чартерот зборуваше и министерот за правда Никола Тупанчески кој вчера изјави дека нема да оди во Порто и покрај тоа што е голем фудбалскки фан. Не можел да отсуствува затоа што во земјава не бил неговиот заменик. Сепак не ја пропушти шансата и навиваше во Палермо, кога Македонија ја победи Италија. Дури рече и дека е шокиран што се поставува прашањето за тоа кој платил да одат таму. Со него беа вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и Лазар Нанев, претседател на судот во Кавадарци. За нивното присуство се крена голема прашина откако ДКСК побара јавно да кажат кој им го покрил патувањето. Иако сите тврдат дека биле приватно, а Фетаи објави и некои уплатници за аранжманот, сепак најверојатно тие имале од ФФМ обезбедена влезница на стадионот.
Денеска во Порто, ако се суди по фотографиите на социјалните мрежи има и доста Македонци кои живеат на друго место во Европа но отишле да ја следат нашата репрезентација.

Слично

Поврзани вести