ЧАИР: Специјално противпожарно армиско возило ќе го гаси големиот пожар
Специјално противпожарно армиско возило ќе го гаси големиот пожар во Чаир.
Пожарот што ноќеска избувна во зграда во скопски Чаир е сè уште активен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека гасењето на пожарот е отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата во кои, како што додаваат оттаму, била складирана поголема количина запаливи материјали. Во гасењето на пожарот ќе се вклучи специјално противпожарно возило на Армијата.
Слично
