Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАИР СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПОЗИТИВНИ: 384 заразени-скоро 8% од вкупниот број во Македонија само во оваа општина

ЧАИР СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПОЗИТИВНИ: 384 заразени-скоро 8% од вкупниот број во Македонија само во оваа општина

Скопската општина Чаир е со најголем број позитивни. Дури 8 проценти од вкупниот број, односно 384 се токму граѓани од оваа општина. Над сто заразени има во општинитеГази Баба со 153, Бутел со 140, Центар 133, по 130 има во Аеродром и во Сарај, и 114 во  Карпош.

Под сто позитивни на вирусот се граѓаниод општините: Кисела Вода каде има 95 активни ковид случаи, во Студеничани 84, Ѓорче Петров 77, Шуто Оризари 69, Арачиново – 55, Илинден 30, во Сопиште 13, Петровец и Чучер Сандево се општини со по 12 позитвни на вирусот, и во Зелениково 2. Во земјава има и четворица странци заразени со Ковид-19.

Во главниот град остануваат активни 1.699 случаи.


Слично

Поврзани вести