Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаир се уште има најмногу заразени од коронавирусот

Чаир се уште има најмногу заразени од коронавирусот

Скопската општина Чаир се уште има најмногу заразени од коронавирусот. 

Скоро 400 жители во оваа општина се инфицирани со Ковид - 19. 

Статистиката од вчера покажува дека најмногу заразени има во Чаир – 394, потоа во Гази Баба – 156, Бутел- 144, Центар и Сарај по 137, Аеродром – 135, Карпош – 116, Кисела Вода – 98, Ѓорче Петров – 83, Студеничани – 86, Шуто Оризари – 73, Арачиново – 55, Илинден – 31, Петровец – 14, Чучер Сандево – 16 Сопиште – 13, Зелениково – 2. Во Скопје се регистрирани и четворица странци додека четири лица не се распределени по општини.

Скоро 8 отсто од вкупниот број заразени се во Чаир. 

Денес има  нови 90 заразени и 9 починати од коронавирусот. 

Ново е тоа што Македонија го доби лекот авиган од Јапонија, кој во странство дал добри резултати во лекување на заболените. 

Слично

Поврзани вести