Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаир се уште е лидер по бројот на заразени од Ковид -19

Чаир се уште е лидер по бројот на заразени од Ковид -19

Скопската Општина Чаир се уште е лидер по бројот на заразени од коронавирусот. 

Во главниот град, заклучно со вчера најмногу случаи на позитивни има во  Чаир – 352, а потоа следуваат Гази Баба – 128, Аеродром со 127, Центар – 123, Бутел – 117, Карпош – 108, Сарај – 109, Кисела Вода – 82, Ѓорче Петров – 63, Студеничани – 75, Шуто Оризари – 54, Арачиново – 44, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 и Сопиште – 11. 

Во Скопје има и 4 позитивни случаи на странци додека 51 случај не се распределени по општини.

За 24 часа во Македонија има нови 156 заразени, и 6 смртни случаи. 

Загриженост има во Дебар, затоа што од 5 јуни наваму имаат нови случаи. 

До крајот на оваа година не само што може да има вакцина против корона вирусот, туку ќе бидат произведени дури стотици милиони дози од неа. 

Ваква прогноза обедлоденува Светската здравствена организација, појаснувајќи дека илјадници научници веќе работат на развој на вакцината.

Слично

Поврзани вести