Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАИР ОЗДРАВУВА, АЕРОДРОМ СЕ РАЗБОЛУВА - во која општина колку активни случаи има

ЧАИР ОЗДРАВУВА, АЕРОДРОМ СЕ РАЗБОЛУВА - во која општина колку активни случаи има

Што покажува најновата слика за активните случаи на коронавирусот низ градовите во земјава, но и во скопските општини.

Најмногу новорегистрирани случаи уште има во Скопје, каде во моментов се активни 1.938 граѓани, во Куманово се 257, Дебар 114, Штип 349, Прилеп 51, Тетово 287,  Струга  189, Велес 27, Битола 46, Охрид 104, Кавадарци 18, Гостивар  217, Гевгелија 8, Струмица се активни 21, Крива Паланка 8, Радовиш  22, Крушево  10, Кочани 20, Пробиштип  27, Демир Хисар  18, Македонски Брод  6, Берово 1, Виница активни 1, Кратово 7, Свети Николе 192, Кичево  85, Ресен 53, Неготино активни три случаи.

А што може да се забележи од состојбата во Скопје. 

Чаир и натаму е лидер по бројот на активни случаи, 280, но ако се направи споредба со над 400 болни колку што имаше таа општина пред неколку недели, значи дека таму нови случаи веќе нема, па се смета дека ситуациијата како да е ставена под контрола. 

Веднаш по неа е Гази Баба, со 206 активни заразени од коронавирусот. 

Веднаш по неа е Аеродром, со 204 заболени, при што оваа општина претходно имаше помал број активни алучаи. 

Пораст има и во општините како што се Карпош, со 171, па се издигнала Кисела Вода со 169, а веднаш зад неа е Центар, со 165 случаи. 

Бутел има 141, Ѓорче Петров 125, Сарај – 114, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 108.

Другите општини во Скопје имаат под 100 заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести