Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаир нема да украсува новогодишно, парите ќе им ги даде на ожалостените семејства

Чаир нема да украсува новогодишно, парите ќе им ги даде на ожалостените семејства

Општина Чаир нема да украсува новогодишно. Советото на оптината, наместо тоа, парите ќе им ги даде на ожалостените семејства на 45-те загинати во автобуската несреќа во Бугарија.

Советниците едногласно се согласиле за тоа да се пренаменат средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници.

„Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви“,соопшти градоначалникот Висар Ганиу.

За тоа како ќе се распределат парите ќе одлучи комисијата со претставници од сите партии во Советот на Општина Чаир и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.


Слично

Поврзани вести