Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаир и Аеродром имаат најмногу заболени - што е со другите општини?

Чаир и Аеродром имаат најмногу заболени - што е со другите општини?

Во главниот град досега Ковид - 19 е дијагностициран кај 5.000 луѓе, а 1.231 се активни.

Како што соопшти Министерството за здравство, денеска во Скопје се оздравени 103 лица, а тројца починаа од коронавирусот.

Чаир има најголем број на заразени. Во оваа општина има 164 активни, а зад неа е Аеродром со 139 позитивни. Бутел има 80, а Гази Баба  121. 

Во Центар има 101, а во Карпош 110, додека Сарај е зад нив со 54 заразени. 

Во Општина Кисела Вода има 129, во Студеничани 42, во Шуто Оризари 100. 

Во Ѓорче Петров заболени се 88, во  Арачиново – 21, во Илинден – 22,  Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 20 и Зелениково- 6. 

За 24 часа во Македонија има 113 нови заболени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести