Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Артан Груби
Првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека Чаир е на лидерот Али Ахмети и на ДУИ.
Ваква порака испрати на митингот. Вели дека собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.
„Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ“, кажа Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.
Рече дека Меџити бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.
Изет Меџити претходно изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг.
Меџити порача дека тие работат, а другите нека пеат. Денеска се појави видео на кое Ахмети пее.фото принтскрин
Слично
