Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чадот надвиснува, Владата купува прочистувачи: Ќе има ли и за министерските кабинети

Чадот надвиснува, Владата купува прочистувачи: Ќе има ли и за министерските кабинети

За десетина дена почнува грејната сезона – почнуваат и маките со дишењето, особено во главниот град. Македонија е една од најзагадните во Европа, а тој факт најверојатно нема да се промени ни годинава. Ова особено затоа што многу малку од приоритетите во Планот за чист воздух кој го промовираше Владата се реализираа. Екологистите се разочарани, граѓаните бараат акција од надлежните институции. Иако многу од мерките не се довршени, Владата го објави огласот на кој бара да купи прочистувачи на воздух и да ги постави во јавните установи.

Генералниот секретаријат на Владата бара фирма од која ќе набави прочистувачи за околу 35 илјади евра, колку што е проценетата вредност на договорот без ДДВ.

Во огласот не е специфицирано во кои јавни установи ќе се постават овие прочистувачи. Дали се за градинку училишта, други институции или за по некој министерски кабинет.  Фактор побара одговор од Владата, но до објавување на овој текст не го добивме

Инаку Владата во август годинава усвои предлог – програма за изменување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која 121 милион денари од буџетот на оваа програма ќе се пренаменат за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ системи и топлински пумпи. Ова засега бавно оди.

Сепак дел од овие средства трбаше да се наменат и за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот.

А.Т.

Слично

Поврзани вести