Чадорот носете го со вас – денеска врнежливо
Уште денес променливо, нестабилно и дождливо време предвидуваат метеоролозите, од утре, петок следува период на сонце и повисоки температури.
За денешниот ден според синоптичарите не очекува променливо и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 20 до 30 степен.
И во главниот град според управата за хидрометеоролошки работи се очекува слично време и максимални дневни 27 степени.
Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.
Слично
