Чадиковски: Медиумите и натаму се зависни од политички и бизнис центри на моќ
Потенцирам дека медиумскиот простор е финансиски зависен од политички и бизнис центри на моќ, што го остава во неслободната зона, остава простор за автоцензура. Само со вистински, а не со козметички реформи би оделе напред, изјави Чадиковски, првиот човек на ЗНМ вчера во Клик Плус на ТВ21.
„Сега се ослободи медиумскиот простор. Зошто? Ги нема државните пари во медиумите, и веќе никој не им се јавува на уредниците да им каже што треба да пишуваат и објавуваат“, рече Чадиковски, но додаде дека тоа не е доволно. „Политиките на претходната власт резултираа со уништена новинарска професија, уништен дигнитет на новинарите и голема недоверба во медиумите. Но, и по промената на власта недовербата остана, а реформите во медиумите стагнираат“ вели Чадиковски.
Тој го најави регистарот на професионални он лајн медиуми до крајот на ноември. Рече дека овој регистар ќе ги оддели непрофесионалните од вистинските медиуми и ќе создаде клима на доверба во јавноста – да се знае кому може, а кому не да му се верува. Тоа ќе биде добар прилог во битката со лажните вести, рече претседателот на ЗНМ.
Фото: ТВ21
