Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цензусот безмалку достигнат уште во 17 часот

Цензусот безмалку достигнат уште во 17 часот

Државната изборна комисија објави дека до 17.00 часот процентот на излезност на гласачите бил 38,2 отсто во вториот круг од претседателските избори. Тоа значи дека безмалку е достигнат потребниот законски цензус за да биде избран нов претседател на Македонија.

Споредбено, во првиот круг од претседателските избори пред две недели, кога имаше тројца кандидати за шеф на државата, излезеноста беше 34,40 отсто во 17 часот.

Највисока излезност има во општините Гевгелија и Валандово над 57 отсто, над 60,2 отсто во Демир Капија и Демир Хисар. Од поголемите, во  Аеродором и Битола е над 45 отсто, а во Прилеп достигна 53,16 проценти. Во Велес и Струмица е над 32 отсто.

Гласањето завршува во 19 часот.

Слично

Поврзани вести