ДУИ на состанок во Мала Речица - за што ќе се разговара?
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети свика состанок на Централното претседателство на партијата во Мала Речица.
Ќе се анализира состојбатa со блокадата во Собранието, ќе се бараат излезни решенија, но и според дел од членовите ќе се отвори и прашањате за како што велат, однесувањето на БЕСА, објави 24 телевизија.
„Опозициската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА ќе биде на дневен ред“ - вели за ТВ 24 пратеникот и шеф на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби.
Според Груби, БЕСА иако ги даде своите потписи за мнозинство, ги повлекла кога решиле да не го поддржат предлогот на СДСМ И ДУИ за претседател на Собранието да е Талат Џафери. Не сака да конкретизира колку е опција ДУИ да го услови учеството во Владата со неучеството на Билал Касами.
