Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централните митинзи в сабота и недела ќе го затворат сообраќајот во Скопје

Централните митинзи в сабота и недела ќе го затворат сообраќајот во Скопје

Централните митинзи на опозицијата и власта во кампањата за претседателските избори ќе го затворат за сообраќај центарот на Скопје утре и задутре, информира МВР. Утре караванот на Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи навечер митинг пред Владата, додека владината коалиција предводена од СДСМ и Стево Пендаровски в недела ќе организира марш кој ќе заврши со главен собир пред седиштето на ЕУ-канцеларијата.

Поради утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата од денеска од 19 часот до утре до полноќ ќе биде затворен дел од булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.

Во недела поради маршот организиран од СДСМ закажан за 12:30 часот ќе бидат затворени улиците „Свети Климент Охридски“, булеварот „Партизански одреди“, „Васил Главинов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“ и булеварот„Кочо Рацин“. Маршот ќе продолжи по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, булеварот „Кочо Рацин“, улицата „11-ти Октомври“,по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ и улиците „Беласица“ и „Свети Кирил и Методиј“ до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

БЕзмалку цел викенд ќе биде затворена за сообраќај улицата „Свети Кирил и Методиј“


Слично

Поврзани вести