Централниот и Извршниот одбор на СДСМ нема да заседаваат, се одложува оставката на Заев
Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва нема да заседаваат, поради трагедијата што се случи во Бугарија, а со тоа е одложена и оставката на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.
Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара констатирање на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот круг од локалните избори, каде изгубија голем број гласови. Со констатирањето на оставката, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.
Во автобуска несреќа во Бугарија загинаа 46 македонски граѓани. Меѓу загинатите има и деца.Се смета дека ова е најсмртоносната несреќа во Европа во последната деценија.
Слично
