Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Централата” на НАТО денеска во Скопје

„Централата” на НАТО денеска во Скопје

Генералниот секретар  на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на Алијансата, денеска со највисоки државни и воени почести ќе бидат пречекани на платото пред Владата на Република Северна Македонија со што ќе почне официјалниот дел од посетата на „централата“ на НАТО на земјава.

По церемонијата на официјалниот пречек ќе следува билатерална средба на делегациите предводени од премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, со амбасадорите на Северноатлантскиот совет и министрите во Владата.

Со работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада, што ќе се ќе се одржи потоа, ќе претседаваат премиерот Заев и генералниот секретар Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес-конференција.

Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенеберг и високите претставници на НАТО доаѓаат во прва посета на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата.

Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.


Слично

Поврзани вести