Економија, финансии, бизнис

Контакт

Центарот за социјална работа во Прилеп ќе добие физичко обезбедување по нападот со огнено оружје

Центарот за социјална работа во Прилеп ќе добие физичко обезбедување по нападот со огнено оружје

Министерството за социјална политика, демографија и млади објави дека во тек е процедурата за ангажирање на физичко обезбедување во центарот за социјална работа во прилеп, по нападот на службеничката од страна на лице кое избегало од психијатриската болница и пукало кон неа, при што и биле нанесени две прострелни рани.
„Министерството го осудува секој чин на насилство врз вработени во центрите за социјална работа и презема мерки за обезбедување на нивна заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик.

Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка“, информира министерството.

Од таму апелираат до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени.

„Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека се што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и така и ќе продолжи во иднина“, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести