Центар се разбуди затрупан во смет, Герасимовски го собираше со 120 хигиеничари
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, објави видео преку кое ја извести јавноста дека 120 општински хигиеничари ќе го соберат сметот од контејнерите наместо тоа да го направи градското претпријатие „Комунална хигиена“ на Град Скопје.
Градоначалникот очекува потоа „Комунална хигиена“ потоа да излезе со демант и информација дека сметот ќе биде собран, но ситуацијата, како што рече тој, е дојдена до тој степен повеќе општината да не може да чека на милоста на комуналното претпријатие.
- По изборите ќе набавиме две цистерни за миење на улиците,метларки, а и камион, затоа што очигледно ќе биде потребен за вакви работи, порача Герасимовски.
Слично
