ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА СО КАЗНУВАЊЕ: Контроли има насекаде, минатата недела изречени 86 казни за непрописно паркирање
Комуналните редари на општина Центар, продолжуваат со пишуваање казни за сите кои што на териториј на Центар се паркирале непрописно.
Како што информираше градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, продолжуваат интензивните контроли.
„Нашите комунални редари продолжуваат со интензивни контроли на зелени и јавни површини во Општина Центар.
Минатата недела изречени се 86 казни за непрописно паркирање, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.
Нема толеранција, заштитата на пешаците и јавниот простор е приоритет!“, објави тој на социјалните мрежи.
Слично
