Центар постави паметни уреди за мерење на бучавата од кафе-баровите
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски,објави дека се поставени паметни уреди кои ќе го следат нивото на бучава што доаѓа од кафе-баровите низ општината.
„Започнавме со поставување на паметен систем на 30 критични локации, кои континуирано ги следи бучавата и алармира кога е над дозволеното.
Досега се поставени 19 уреди во Дебар Маало, на Орце Николов, Мирослав Крлежа, Отон Жупанчиќ и Боемска 1 и 2“', објави Герасимовски.
Следуваат нови локации на кои ќе се постават уредите се Ленинова, Капиштец, Буњаковец, Кеј 13 Ноември и Кале.

Слично
