Економија, финансии, бизнис

Контакт

Центар бара поништување на продажбата на локацијата кај „Веро“

Центар бара поништување на продажбата на локацијата кај „Веро“
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски бара од Владата да ја поништи лицитацијата на која атрактивна локација во неговата општина се продаде по цена од 71 денар за квадратен метар. Жерновски веќе доставил предлог до Советот на општината на првата наредна седница уште еднаш да отвори расправа за локалната самоуправа да го преземе управувањето со државното неизградено земјиште во Центар. „Во овие шест дена, премиерот имаше време да промовира поголеми плати за административците,  да присуствува на Водици  во Охрид и во Струга, да пушта канализациски мрежи, но не најде време и не собра храброст на граѓаните да им каже дали знаел и дали лично тој  ја дал наредбата за „цели“ 71 денар  да се продаде неизградено градежно земјиште во центарот на Скопје. Премиерот никако да даде одговор по кои критериуми Владата го распродава државното земјиште во центарот на Скопје за само 1 евро по метар квадратен, додека граѓаните плаќаат во просек по 1.000 евра за квадрат“, пишува во соопштението на Општина Центар. Уште минатата недела, Жерновски најави дека ќе ги преземе сите законски можности за да ја спречи продажбата на земјиштето и изградбата на предвидениот хотел во барок стил на локацијата. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, нема ништо спорно во лицитацијата, а почетната цена од едно евро за квадратен метар важи за сите локации во Македонија каде е предвидена изградба на хотелски комплекси. Повеќе за тоа под кои услови беше продадена парцелата на следниот линк: По багателна цена отиде атрактивна парцела карши Веро-центар
Слично

Поврзани вести