Економија, финансии, бизнис

Контакт

Центар, Аеродром и Карпош си „газат“ - бројките растат секој ден, имаат над 300 новозаболени

Центар, Аеродром и Карпош си „газат“ - бројките растат секој ден, имаат над 300 новозаболени

Најновата ковид статистика покажува голем раст на новозаразените во три клучни скопски општини, а тоа се Центар, Аеродром и Карпош.

Во сите овие три скопски општини денеска е пораснат бројот на активните случаи во однос на вчерашниот ден. 

Односно, бројот на заразени е над 300.

А зад нив е далеку Чаир, некогашниот рекордер со дневни бројки од своевремено 400 новозаболени.

Дали станува збор за ширење на ковид во овие општини после минатонеделните забави, или причините се други, треба да кажат епидемиолозите.

Еве каква е денеска состојбата со бројот на активни случаи по општини Скопје.

• Чаир – 92

• Гази Баба – 171

• Аеродром - 327

• Карпош – 319

• Центар – 330

• Кисела Вода – 210

• Ѓорче Петров – 155

• Бутел - 68

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 3

• Сарај – 15

• Арачиново – 4

• Илинден – 30

• Сопиште – 10

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 7

• Зелениково - 3

Додека, пак, вчера вака изгледала скопската епидемиолошка слика по општини.

Чаир – 92

• Гази Баба – 168

• Аеродром - 311

• Карпош – 301

• Центар – 316

• Кисела Вода – 208

• Ѓорче Петров – 149

• Бутел - 67

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 3

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 31

• Сопиште – 9

• Чучер Сандево – 6

• Петровец – 7

• Зелениково - 3

Слично

Поврзани вести