Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ ВО КАФАНИТЕ ПОВТОРНО ПОРАСНАЛЕ - статистичарите регистрираа раст од 3 отсто во првите три месеци

ЦЕНИТЕ ВО КАФАНИТЕ ПОВТОРНО ПОРАСНАЛЕ - статистичарите регистрираа раст од 3 отсто во првите три месеци

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период лани се зголемени за 3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во март годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2025-та, угостителските услуги се поскапени за 2,4 проценти.

Споредено со февруари годинава, цените се зголемени за 0,1 отсто.

Цените во угостителството, по групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.2 % додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Слично

Поврзани вести