Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата драматично паднаа откако САД и Иран се договорија за двонеделен прекин на огнот

Цените на нафтата драматично паднаа откако САД и Иран се договорија за двонеделен прекин на огнот

Цените на нафтата значително паднаа, за повеќе од 13,5 проценти, на 94 долари за барел за Брент, референтната нафтена класа, јавуваат светските медиуми.

Веста дека е постигнат приверемен прекинот на огнот на Блискиот исток, и дека клучниот Ормутски теснец, низ кој поминува една петтина од светскиот течен природен гас и сурова нафта, ќе се отвори повторно, драматично влијаеја на светските пазари.

Цените на нафтата значително паднаа, за повеќе од 13,5 проценти, на 94 долари за барел за Брент, референтната нафтена класа, пишува SkyNews.

Производството значително се забави во главните земји производители на нафта на Блискиот Исток и ќе биде потребно време за да се рестартира, па проблемите со снабдувањето ќе продолжат да постојат.

Веројатно затоа не видовме подраматичен пад на цените. Исто така е можно, по недели изјави од администрацијата на Трамп за крајот на војната, некои сè уште да се скептични кон најновото соопштение.

Во споредба со ситуацијата пред конфликтот на Блискиот Исток, цените се сè уште високи. Пред САД и Израел да ги започнат своите напади на 28 февруари, нафтата беше околу 72 долари. Просечната цена минатата година беше 69 долари. Од почетокот на конфликтот, цената континуирано надминува 110 долари.

Веста дека цената е значително пониска утрово отколку вчера попладне е добра вест, но, како што пишува SkyNews, сè уште нема голема причина за славење.

Фото: Икс

Слично

Поврзани вести