Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ НА НАФАТА ПОВТОРНО СКОКНАА - надминуваат и 115 долари за барел

ЦЕНИТЕ НА НАФАТА ПОВТОРНО СКОКНАА - надминуваат и 115 долари за барел

Цените на нафтата денес надминаа 115 долари за барел, со отворањето на пазарите во Азија, додека воздушните напади во земјите на Блискиот Исток продолжија, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран.

Цената на суровата нафта од типот Брент е 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 проценти во споредба со цената од петокот, објавува Би-Би-Си.

Цената на таа нафта за барел беше околу 72 долари за барел пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.

Минатата недела, цената на нафтата „Брент“ достигна врв од 118 долари за барел на 19 март, а од петок попладне беше малку под 112 долари, што е значително повисоко од цената пред почетокот на војната.


Слично

Поврзани вести