Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди Рашковски за ТВ 24

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди Рашковски за ТВ 24

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.

Вели дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.

„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, изјави Рашковски.

Вчера новинари го прашаа Заев дали Рашковски е во земјава, по што тој рече дека ќе провери и ќе соопши. 

И вицепремиерот Љупчо Николовски бил на одмор, но од неговиот кабинет не дадоа детали каде одморал.

Центарот за контрола и превенција на болести препорачува да не патува во овој момент. Патниците треба да ги избегнуваат сите патувања во Мексико.

Во светски рамки, Мексико е 13-та земја по бројот на случаи на коронавирусот. Досега во Мексико од вирусот починаа скоро 200.000 луѓе. Последните податоци покажуваат дека во земјата има нови 175 починати. 

Слично

Поврзани вести