Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ ЌЕ ПАЃААТ, ПА ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ УКИНЕ: Од кога почнуваат ниските цени на роамингот ?

ЦЕНИТЕ ЌЕ ПАЃААТ, ПА ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ УКИНЕ: Од кога почнуваат ниските цени на роамингот ?

Цените на роаминг од 1 јули ќе бидат намалени за 27 посто, а од 1 јули 2021 година се очекува целосно укинување на роамингот.

Регионалниот роаминг договор, кој ќе овозможи значително пониски трошоци за роаминг во земјите од Западен Балкан, почнувајќи од 1 јули, беше потпишан на вториот Дигитален самит на Западен Балкан во Белград.

Договорот го потпишаа претставници на Западен Балкан. Во првата фаза, роамингoт ќе се намали за 27 проценти од 1 јули, а од 1 јули 2021 година, се очекува роамингот целосно да се прекине за Западен Балкан.

Според договорот, цените на разговорот не може да надминуваат повеќе од 19 евроценти, цената на пораката од шест евроценти, додека максималната цена за пренос на податоци ќе биде 18 евра, без ДДВ.

Трошоците за роаминг со Албанија ќе бидат намалени за дури 85 отсто, бидејќи Албанија и Косово не беа дел од договорот потпишан во 2014 година од страна на Србија, Црна Гора, Северна Македонија и БиХ. Договорот беше потпишан под покровителство на ЕУ.

Дигиталниот самит на Западен Балкан, организиран од Владата на Србија, трае два дена.

Слично

Поврзани вести