Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИ ВО ГРЦИЈА ПРЕД СЕЗОНА: Еве колку чинат лебот, фета сирењето и пивото во маркетите

ЦЕНИ ВО ГРЦИЈА ПРЕД СЕЗОНА: Еве колку чинат лебот, фета сирењето и пивото во маркетите

Летувањето во Грција со години важи за еден од најпопуларните избори за туристите од регионот, а едно од најчестите прашања пред заминување е – какви се цените во маркетите.

Најновите податоци од туристичкото место Никити даваат реална слика за трошоците за основните намирници во пресрет на летната сезона 2026. Видео објавено на социјалните мрежи покажува какви се моменталните цени во еден од поголемите трговски ланци, каде има широк избор – од свежо месо и овошје до пакувани производи.

Кога станува збор за основните намирници, цената на лебот се движи околу 160 до 170 денари, додека пакуваниот леб чини од 170 до 175 денари. Сувомеснатите производи варираат во зависност од брендот – пакувања од околу 160 грама се продаваат за 115 до 200 денари, а мортаделата чини околу 185 денари.

Виршлите се движат од 230 до 580 денари, во зависност од количината и квалитетот. Кај сирењата, намазите чинат околу 190 денари, додека тврдите сирења достигнуваат цени од 470 до 700 денари. Традиционалното грчко фета сирење се продава од околу 740 до дури 1.300 денари по пакување.

Тестенините се исто така дел од стандардната кошничка – макароните чинат околу 200 денари, додека шпагетите на акција може да се најдат и по околу 130 денари за пакување.

Јајцата се нешто поскапи од претходните години, па пакување од 6 јајца се движи од 300 до 350 денари, иако цените може да варираат зависно од маркетот.

Љубителите на пиво имаат голем избор – пакувања од 6 лименки од брендови како Mythos и Amstel чинат меѓу 420 и 620 денари, додека помали пакувања од 4 лименки се околу 320 денари.

Од слатките, популарните „Caprice“ се продаваат за околу 350 денари за помало, односно 470 денари за поголемо пакување.

Треба да се има предвид дека голем дел од производите често се на попусти, што може да влијае на вкупниот трошок. Дополнително, маркетите како Lidl нудат и поевтини алтернативи за оние што сакаат да споредуваат цени.

Впечатокот кај туристите е поделен – дел сметаат дека цените се слични или дури пониски отколку дома, додека други велат дека вистинската слика ќе се види дури во шпицот на сезоната во јули и август.

Курир.рс

Слично

Поврзани вести