Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената паѓа, но граѓаните купуваат скромни и мали станчиња

Цената паѓа, но граѓаните купуваат скромни и мали станчиња
Помалите станови до 50 квадрати се поинтересни за купувачите,  велат од Агенциите за недвижности. Посочуваат дека последната година цената паѓа, исто како и побарувачката па во земјава има поголем број непродадени станови. „Се купуваат скромни, помали станчиња за да може да се стартува со нешто свое“, изјави претседателката на Групацијата Лилјана Ковачева. Од Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија додаваат дека падот на цените е предизвикан главно од зголемената понуда на становите, помалку и од намалената побарувачка. Групацијата бара посебен закон за посредување во промет со недвижности за дел од прометот да оди преку овластени друштва, лиценцирање на агентите, а и градежните компании да имаат обучени вработени за продажба. Според Ковачева, сите членки на Европската унија имаат вакви закони па оттука на овој начин ќе се подобри климата за работа и граѓаните ќе знаат дека соработуваат со професионалци.
Слично

Поврзани вести