Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата не може да исплива од залихите во САД

Цената на нафтата не може да исплива од залихите во САД

Нафтата забележала најголем неделен пад од почетокот на март.

Сигналите од ОПЕК за тоа дека ќе продолжат да го намалуваат производството и после јуни не биле доволни да ги потиснат во втор план показателите за високите американски испораки, јави Блумберг.

Цената на нафтените фјучерси во Њујорк за месец однапред паднала оваа недела за 4,7 отсто после четиридневни распродажби.

Иако, според изјавите на министрите за енергетика на Саудиска Арабија, неколку земји произведувачи постигнале иницијален договор за продолжување на кратењето на испораки и после јуни, податоците за растечкото американско производство предизвикуваат загриженост дека активноста на ОПЕК ќе биде поткопана.

Само во еден ден, во средата, цените на „црното злато“ паднаа за повеќе од 3,8 отсто, откако податоците од САД покажале дека американското производство на сурова нафта пораснало деветта недела последователно, иако залихите продолжиле да паѓаат со рекордно ниво.

Слично

Поврзани вести