Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЦЕЛТА Е ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НАД ОБВИНИТЕЛСТВО И ПОГРЕБУВАЊЕ НА ПРАВДАТА“: СДСМ со остра реакција за новата обвинителка

„ЦЕЛТА Е ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НАД ОБВИНИТЕЛСТВО И ПОГРЕБУВАЊЕ НА ПРАВДАТА“: СДСМ со остра реакција за новата обвинителка

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните, се наведува во соопштението од опозициската СДСМ.

- Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која  бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.  Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине! Сите ќе одговарате! Работата не е завршена! - се потенцира на крајот од соопштението на СДСМ.

Слично

Поврзани вести