Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЦЕЛОТО ВИДЕО) На Твитер награди генералот Ангелов кршеше ќерамиди со глава

(ЦЕЛОТО ВИДЕО) На Твитер награди генералот Ангелов кршеше ќерамиди со глава

На настанот Твитер награди генералот Стојанче Ангелов демонстрираше како се кршат ќерамиди со глава. 

„Многу пот, малку крв. Тежок тренинг, лесна војна. По барање на дел од Твитер заедницата, пред да ја доделам наградата за најдобра политичка емисија, демонстрирав кршење на две ќерамиди со глава (една за пријатели, една за непријатели). Кршењето ќерамиди воопшто не е лесно особено доколку ви недостасува третина од десното белодробно крило, ако ребрата ви се врзани со жица бидејки ги скршил куршумот кој ги пробушил вашите гради додека сте се бореле за татковината. Повеќе од триесетина шрапнели во градите, под десната пазува, уште повеќе ја усложнуваат ситуацијата бидејки на секој физички напор прават микро крварења. Но тоа не е причина да залегнам во кревет. Бидејки, главата е најсилно оружје на човекот. Особено ако се користи сестрано и правилно“, напиша Ангелов на видеото кое е објавено на Јутјуб каналот. 

Кон крајот на видеото вели „За кого? За Македонија! За едно општество за сите!“. 

Како изгледа овој потег видете во видеото подолу. 


Слично

Поврзани вести