Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосно запален автомобил на Македонец во дворот од неговиот апартман во Грција

Целосно запален автомобил на Македонец во дворот од неговиот апартман во Грција

Возилото на македонски државјанин е целосно изгорено во пожар на три возила во сопственоист на туристи кои биле паркирани преку ноќта во дворот од вилата во која престојувале на Лефкада, објави српски Курир кој приложува и видео-материјали.

Информацијата се темели на сведоштво на Марко Тодорчевиќ (38) од Белград, кој потврдува дека еден од автомобилите е на македонски државјанин. Тие три возила биле паркирани едно до друго.

„Дојдовме на одмор на 31 јули и сѐ беше навистина супер, одлично си поминавме, до 9 август кога се разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Кога излеговме го видовме пожарот и изгледаше драматично“ – вели Марко Тодорчевиќ за српски Курир и додава

Пожарникарите го изгаснале пожарот, но автомобилите, како што може да се види, се целосно изгорени. Сопствениците на опожарените автомобили отишле да дадат изјава во полициска станица.


Слично

Поврзани вести