Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосно изгореа две возила во Скопје, повредени нема: МВР го истражува случајот во Порта Влае

Целосно изгореа две возила во Скопје, повредени нема: МВР го истражува случајот во Порта Влае

Рано утринава во скопската населба Порта Влае целосно се изгорени две возила, едно од марката „Мерцедес“, а другото „Хјундаи Пони“. Фактор веќе ги објави фотографиите до кои ексклузивно дојде, а од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

-На 07.12.2020 во 04,26 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Есперанто“ настанал пожар во две патнички моторни возила: „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.З.(50) од Скопје и „Хјундаи Пони“, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.Т.(53) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, изјави за Фактор, портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Инаку, од фотографиите се гледа сека станува збор за сериозни оштетувања кај автомобилите, односно тие се целосно уништени.

А.Б.

Слично

Поврзани вести