Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосно изгоре автобус што превезувал луѓе од Бугарија кон Македонија

Целосно изгоре автобус што превезувал луѓе од Бугарија кон Македонија

Автобус на бугарска туроператорска компанија којшто превезувал 46 лица за Македонија, изгоре целосно. Несреќата се сличила вчеравечер на патот меѓу Ќустендил и граничниот премин Ѓуешево.

Бугарските медиуми соопштија дека нема настрадани, а сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.

Неофицијално причината за пожарот е краток спој по што се запалила електричната инсталација додека автобусот бил во движење.

Бугарските медиуми пишуваат дека пожарот настанал во 18:30 часот, а сообраќајот бил во прекин.

извор и фото: DARIKNEWS.BG

 


Слично

Поврзани вести