Целосно е забрането движењето од Маврово кон Дебар: Цел ден хаос и километарски колони на Стража и кај Маврово
Забрана за движење за сите моторни возила е воведена на патниот правец крак Маврово-Дебар на потегот од крстосницата за Маврово до Дебар.
Како што информира АМСМ забраната за движење е воведена од 18:30 часот од безбедносни причини поради одрони и паднати дрвја.
А токму одроните и паднатите дрва цел ден го отежнуваа сообраќајот кај Маврово и воопшто на патниот правец Гостивар - Стража. Граѓани во километарски колони возила чекаа да ја поминат делницата затоа што едно време се пропушташе во една лента.
Фотографиите оттаму докажуваат дека условите на патот се невозможни.
Поради паднато дрво врз далекувод денеска цел ден Дебар немаше струја. Засега не се знае до кога ќе трае забраната.
Инаку состојбата е лоша и во некои делови од земјава каде има критични корита. Обилните дождови, се стравува може да предизвикаат излевање на водата.
