Целосниот извештај на Стандард и Пурс: Што, всушност ги вознемири македонските власти?
Извештајот на рејтинг агенцијата Стандард и Пурс, за намалениот кредитен рејтинг на Македонија, ја разбраниува политичката и стручната јавност. Владата изрази сомнеж во релевантноста на анализата, додека пак за дел од стручната јавност ваквиот извештај беше очекуван. Еве што точно содржи извештајот на агенцијата Стандард и Пурс.
Во воведниот дел Агенцијата дава општа оценка за состојбата на Македонија, во која што се вели дека со започнувањето на глобалната финансиска криза транспарентноста на македонските јавни финансии опаѓа, како и дека шансите за некаков позначаен економски раст се ослабени.
Извештај на Стандард и Пурс:
Според наше мислење, политичките институции во Македонија имаат неадекватни контролни механизми, додека заостанатите плаќања на Владата претставуваат предизвик за резултатите од фискалната политика – смета Агенцијата. Како резултат на тоа долгорочниот кредитен рејтнинг го намаливме на Македонија го намаливме од “ББ “на “ББ-“. Изгледот останува солиден.
Намалувањето на кредитниот рејтниг, е всушност одраз на нивното гледиште дека економскиот раст на Македонија е се понепредвидлив и последиците од фискалната политика се должат на следните работи
- Регионални економски пристисоци
- Проблемите на мајките-компании на домашните банки
- Потешкотии во управувањето со државниот долг
- Последните зголемувања на капитални расходи за непродуктивни цели
Слично
