Целосна забрана за движење во шумите до септември
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е воведена целосната забрана за движење во шумите која започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година.
„За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност“,соопштија од министерството.
Забраната се воведува согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство претходно даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште.
Забраната се воведува, лалп што е соопштено, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
„Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат“, објави МВР.
Слично
