Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целе Велевски, братот на пратеничката Мира Стојчевска, од вчера работи во РЕК Битола

Целе Велевски, братот на пратеничката Мира Стојчевска, од вчера работи во РЕК Битола

По објавувањето на штурата информација дека братот на пратеничката Мира Стојчевска е нововработен во АД ЕЛЕМ, веднаш по потврдата дека и нејзиниот син Виктор Стојчевски е ангажиран во компанијата, „Фактор“ дознава дека станува збор за Целе Велевски.

Тој од вчера е вработен со договор во подружницата РЕК Битола преку агенција за вработување. Неговиот договор со Електрани на Македонија е до 27 април.

Во меѓувреме Стојчевска не се јавува на телефонските повици, а нејзиниот профил на Фејсбук е избришан.

А.Т.

Слично

Поврзани вести