Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛА НОЌ СИРЕНИ НА БРЗА ПОМОШ ДО СКОПЈЕ: Во 10 часот вонредна владина седница

ЦЕЛА НОЌ СИРЕНИ НА БРЗА ПОМОШ ДО СКОПЈЕ: Во 10 часот вонредна владина седница

Во текот на ноќта, до раните утрински часови сирените на возилата на итна помош во главниот град одекнуваа и потсетуваа на хоророт кој само пред неколку часа од тогаш се случи во модуларната болница во Тетово. Таа изгоре цела, а веќе има потврда за десет жртви. На Институот за судска медицина, неофицијално, донесени се тела на 14 луѓе.

Бројот на жртви може да е поголем, соопштија од Владата по одржаниот Кризен штаб на кој присуствуваа повеќе официјални лица. За денеска во 10 часот е закажана владина седница. 


„Во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените, соопштија синоќа од Владата.

Амбулантните возила кои доаѓаа во Скопје носеа жртви во институтот за Судска медицина.

Слично

Поврзани вести