Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕЛА ЛИСТА НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ ПРЕКРШИЛА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Мизрахи претстави обемна презентација

ЦЕЛА ЛИСТА НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ ПРЕКРШИЛА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Мизрахи претстави обемна презентација

Претседателката на Собраниската комисија за скандалот со Онкологија, Рашела Мизрахи денеска во собранието во обемна презентација претстави делови од извештаите на ревизорот, интерните процедури на клиниката и самите закони за здравствена заштита и јавни набавки, посочувајќи дека Клиниката за Онкологија при своето севкупно функционирање и при набавката на биолошката терапија за пациентите, прекршила 37 закони и подзаконски акти.

Според пратеникот Антонио Милошоски, станува збор за една од најдобро организираните презентации на една тема:

– Сум бил во повеќе анкетни комисии, но ова беше една од најдобро организираните презентации на една тема, каде конкретно беа наведени факти, закони, правилници, обврски и процедури што не биле испочитувани. Ако работиме на таков начин, нема да превладува субјективното мислење, туку законите и правилниците ќе ни го „нацртаат“ функционерот што има политичка одговорност. Имаме 37 прекршени процедури кои ги наведува самиот Завод за ревизија, најрелевантната институција што ни ги отвори очите.

Ова се сите 37 закони и правилници кои се прекршени од страна на Клиниката за онкологија и радиотерапика, содржани во презентацијата:

член 17 Закон за здравствената заштита член 27

Закон за здравствената заштита член 37

Закон за здравствената заштита член 92-в

Закон за здравствената заштита член 92-г

Закон за здравствената заштита член 105

Закон за здравствената заштита член 110

Закон за здравствената заштита член 112

Закон за здравствената заштита член 226-в

Закон за здравствената заштита член 226-е

Закон за здравствената заштита член 226-и

Закон за здравствената заштита член 235

Закон за здравствената заштита член 237

Закон за здравствената заштита член 2

Закон за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 6 став (2)

Закон за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 12

Закон за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 12 став (2)

од Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 29

од Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 31-а и 31-в

од Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 33

од Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 9

Закон за здравствено осигурување член 7 Закон за јавна внатрешна финансиска контрола член 3 став (2) точка 8

од Закон за буџети член 7 став (2)

Закон за буџети член 77 став (2) и (5)

од Закон за јавните набавки член 2 став (1) точка 11

Закон за јавните набавки член 76 Закон за јавните набавки член 4

Закон за јавните набавки член 5 став (1) и (2)

Закон за јавните набавки член 6 став (1) и (2)

Закон за јавните набавки член 39 став (1)

Закон за јавните набавки член 75 став (1) и (2)

Закон за јавните набавки член 6 став (1)

Закон за финансиска дисциплина член 7 Закон за сметководство за буџетите и буџетските корисници член 3 точка 1

од Поимникот на Законот за донации и спонзорства Стандард 12

од Стандарди за внатрешна контрола во јавниот сектор П

На денешната седница претседателката на Комисијата праша од каде дошла листата на набавени лекови, ако  потребите тргнуваат од пациентите, а немало стручен колегиум.

– Има потфрлање во планирањето и извршувањето на јавните набавки. Нема мислења од Фондот за здравство за стручните упатства. Се постапувало според пракса, а лековите субјективно ги препишувал лекарот, па тоа одело на одобрување кај директорот, што значи, субјективно се централизирала моќта и одлучувањето кој ќе добие а кој нема да добие биолошка терапија. Дали вината за протоколите е само кај директорот? Министерот за здравство мора да формира стручни комисии за разгледување на поединечните случаи за пациентите со малигни заболувања, а има и опција за телемедицински состаноци кога има пандемија со ковид и други кризи. Таа стручна комисија дискутира за третманот. Не може медицинскиот директор субјективно да одлучува, рече меѓу другото Мизрахи.

Во презентацијата Мизрахи нагласува дека станува збор за состојби кои укажуваат на сериозни слабости во планирањето, реализацијата, евиденцијата, контролата на условниот надоместок и законитоста во постапувањето со што се доведува во прашања остварувањето на крајната цел на здравствените институции, односно станува збор за крајно несовесно менаџирање на ФЗОМ, УКРО и МЗ.

Според неа, набавката на медикаменти е правена противзаконски и рефлектира, како што рече, „крајно несовесно раководење на ФЗОМ, Клиниката и Министерството за здравство спротивно на начелото на економичност, ефикасност и ефективност“. Спомена дека линеарниот акцелератор не бил ставен во функција.


Слично

Поврзани вести