„ЦЕЦА И АЦА ЛУКАС ЌЕ ИМААТ ПОСЕБНА ПРОГРАМА ВО ТЕКОТ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СКОПЈЕ КАКО ГРАД НА КУЛТУРАТА“: Најчевска за титулата
Мијана Најчевска распали за титулата што ја доби Скопје „Европска престолнина на културата“.
„ Цеца и Аца Лукас ќе имаат посебна програма во текот на претставувањето на Скопје како град на културата 2028.
Ќе има изложба на кучиња скитници, прошетка по коцкарниците и кладилниците, избор на најсмрдливо ѓубре, фото сесија со распаднатите стиропор фасади и посебни претстави во театрите во време на дожд под наслов: кој ќе преживее ќе раскажува.
Има така една басна за жабата и волот, мислам дека има прилично несреќен крај. За жабата.
И престанете мојата објективност да ја нарекувате негативност.
Во 2000 година кажав дека ќе има меѓуетнички конфликт и дека треба нешто да направиме. Ми рекоа дека сум црна птица злослутница и дека нема европска држава со подобри меѓунационални односи.
Знбачи кажувам за да поправам, а вие сакате да засткриете и се правите ќори на две очи.“
Слично
